При една спонтана средба со публиката во познатиот Мауерпарк, каде секоја недела се одржува популарното open-air karaoke, Зарина застана пред микрофонот и ја запеа рок-класиката „Highway to Hell“ од AC/DC. Мауерпарк е познат токму по својот амфитеатар и караокето, каде пејачи настапуваат пред бројна публика.
Она што следуваше беше вистинска рок-атмосфера – публиката ја бодреше, а Зарина, позната по својот препознатлив вокал и изведбите на македонски народни песни, покажа една досега поретка страна од својот музички израз.
Самата објава е придружена со описот: „За првпат си Македонка во Берлин… и сосема случајно завршуваш пеејќи песна од тинејџерските години пред цел амфитеатар во Мауерпарк, кој те бодри“
Моментот особено ги израдува Македонците, кои веднаш почнаа да коментираат и да ѝ испраќаат пораки за поддршка. „Браво Евгенија!“, „Секоја чест, амбасадорке, така се шири љубовта“ се само дел од реакциите под видеото.
Зарина Првасевда е македонска пејачка препознатлива по интерпретацијата на традиционална македонска и балканска музика. Таа го освои UPBEAT Best New Talent Award за 2023 година, а нејзината музика е препознатлива по спојот на традиционалниот вокален израз со современи и светски музички влијанија.
Нејзиниот албум „ЕХО“ содржи 11 традиционални песни од Балканот во нови аранжмани, отпеани на повеќе јазици, а со него Зарина настапуваше и на голем број сцени надвор од Македонија.