Рускиот брод сè уште гори кај Финска по нападот со дронови

Евакуирани се сите 16 членови на екипажот. Финската војска проценува дека нападот веројатно го извршила Украина.

Рускиот товарен брод „Спарта II“ продолжил да гори и во неделата, по саботниот напад во Балтичкото Море, пренесува Ројтерс.

Бродот бил погоден во меѓународни води, а потоа одлебдел во финските води. Спасувачките екипи со водени топови ги ладеле контејнерите на палубата.


„Спарта II“ е под американски санкции. Неговиот сопственик „Оборонлогистика“ обезбедува логистика за руското Министерство за одбрана.

е-Трн да боцка во твојот инбокс