На Светското првенство 2026 за првпат ќе настапи репрезентацијата на Зеленортски Острови, која испиша историја со пласманот на најголемата светска фудбалска сцена. Малата островска држава со околу половина милион жители стана една од најмалите земји по население што некогаш изборила место на Мундијал.
Сините Ајкули како што ја нарекуваат репрезентацијата на Зеленортските острови — конечно стигнаа до Мундијалот. Мала островска нација со едвај половина милион жители, сместена во Атлантскиот Океан кај брегот на Западна Африка, Зеленортските острови е едно од најмалите фудбалски изненадувања во историјата. Националниот тим носи прекарот „Os Tubarões Azuis” и игра со страст и темпо кое ги надминува нивните скромни ресурси.
Селектор на тимот е Педро Брито – Бубиста, кој се смета за архитект на најголемиот успех во историјата на националниот тим. Под негово водство репрезентацијата стана редовен учесник на Африканскиот куп на нации,
Меѓу најпознатите имиња во репрезентацијата се капитенот Рајан Мендеш, дефанзивецот Логан Коста и крилниот напаѓач Вили Семедо.
Патот до Светското првенство
Зеленортски Острови ја шокираа африканската квалификациска конкуренција освојувајќи го првото место во својата група, пред традиционални фудбалски сили како Камерун. Решавачкиот момент дојде со победата од 3:0 над Есватини, по која беше потврден историскиот пласман на Мундијалот.
Со овој успех Зеленортските острови станаа една од најмалите држави по население што некогаш избориле место на Светско првенство, веднаш зад Исланд.
Држава составена од вулкански острови
Зеленортски Острови се архипелаг во Атлантскиот Океан, составен од 10 острови со вулканско потекло, лоцирани околу 620 километри од брегот на Сенегал.
На островот Фого се наоѓа вулканот Пико до Фого, највисоката точка во државата со височина од 2.829 метри.
Надвор од државата живеат стотици илјади луѓе со кабовердско потекло, особено во Португалија, Холандија, Франција и САД. Токму дијаспората има голема улога во развојот на националниот тим.
Зеленортски Острови важат за една од најбезбедните и политички најстабилни земји во Африка, а туризмот е една од главните гранки на економијата.
Што ги чека Зеленортски Острови на СП 2026?
Историскиот дебитант нема да има лесна задача на својот прв мундијалски настап. Зеленортски Острови се најдоа во исклучително тешката Група Х, каде ќе играат против две традиционални светски сили и една селекција со огромно искуство на големите натпреварувања.
Оваа репрезентација е сместена во Групата Х заедно со Шпанија, Уругвај и Саудиска Араббија.
Шпанија важи за фаворит на групата, Уругвај е двократен светски шампион со огромна традиција, додека Саудиска Арабија веќе покажа дека може да изненади и најголеми репрезентации, како што беше победата над Аргентина на СП 2022.
За Зеленортските острови, секој освоен бод би бил огромен успех, но „Сините ајкули“ веќе покажаа дека знаат да ги рушат прогнозите, а последен пат тоа го покажаа вчера кога убедливо ја совладаа репрезентацијата на Србија со резултат 3:0