Škoda официјално го започна сериското производство на новиот електричен модел Epiq во фабриката на Volkswagen Group во Памплона, Шпанија.
Epiq е најприфатливиот електричен модел што го нуди чешкиот производител, а воедно и првиот автомобил на Škoda што ќе се произведува во Шпанија. Се очекува почетната цена да биде околу 26.000 евра.
Новиот компактен SUV е базиран на платформата MEB+ на Volkswagen и го користи најновиот дизајнерски правец „Modern Solid“ на компанијата.
На клиентите ќе им бидат понудени неколку верзии на погонот, со моќност од 85 до 155 kW, додека автономијата кај најмоќните верзии треба да достигне околу 440 километри.
Epiq ќе игра важна улога во стратегијата за електрификација на Škoda, бидејќи брендот се стреми да ја прошири својата понуда на прифатливи електрични возила и да ја зајакне својата позиција на европскиот пазар.