Внимание: Трн го проверува вашиот Screen Time

Колку време дневно поминуваме на мобилен? Граѓаните го покажаа својот Screen Time и открија колку часа дневно минуваат пред екранот.

Ги прашавме граѓаните: „Колку време проаѓаш дневно на мобилен? Може ли да видиме колку ти беше SCREEN TIME вчера и на што најмногу потроши време на мобилен?“

„Три саата и 52 минути… Се трудам на крајот на денот да биде под 4 часа, но тешко се редуцира…“, вели еден од граѓаните.

Друг одговор е: „Три саати… порано околу 8 саати на ден“.

„Шест, ама поише го користам за работа“.

„Два-три часа минимум, активно“.

Еден од одговорите е и: „Многу поминувам, вчера беше три и пол саати, ама тоа е намалено, обично над пет“.

„Околу два часа, најмногу на глупи видеа на Инстаграм“.

„Околу саат-два, и тоа ми е претерано“.


А еден од граѓаните вели: „Четири и нешто… мислам дека 50% имаат над 8 саати“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс