Казахстан бара замрзнување на војната во Украина, Русија вели дека тоа е невозможно

Претседателот Токаев предложи прекин на огнот и враќање на преговорите, но Песков порача дека за Кремљ таквото решение не е опција.

Претседателот на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев, упати предлог за итно замрзнување на војната во Украина и обновување на дипломатските преговори меѓу Москва и Киев. Меѓутоа, официјална Москва експресно ја отфрли оваа иницијатива. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека прекинот на борбените дејствија во овој момент е неостварлив поради ставовите на украинската страна и дека Русија мора целосно да ги исполни своите поставени воени цели.

Казахастанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев јавно се заложи за замрзнување на конфликтот на сегашните линии на фронтот. Според неговиот предлог, двете завоени страни треба веднаш да ги сопрат сите воени операции и да се вратат на преговарачката маса за да се избегне понатамошна ескалација и дополнителни човечки жртви.

Одговорот од Москва пристигна брзо. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, јавно го одби предлогот што дојде од Астана. Тој нагласи дека, имајќи ја предвид позицијата на Киев, какво било замрзнување на војната во оваа фаза е апсолутно невозможно.

Песков додаде дека за Руската Федерација нема отстапување од претходно зацртаните планови и дека воената операција ќе продолжи сè додека не се остварат сите поставени цели.

Иако Казахстан важи за традиционален сојузник на Русија во рамки на регионалните безбедносни и економски сојузи, Астана во повеќе наврати покажа дистанцирање од воената кампања во Украина. Позицијата на Токаев го рефлектира растечкиот притисок врз земјите од Централна Азија, кои бараат брзо дипломатско решение за да ги заштитат сопствените стопански и безбедносни интереси.

е-Трн да боцка во твојот инбокс