Хрватските медиуми објавуваат исто така дека пораките, во коишто имало информации за експлозивни направи, биле со вознемирувачка содржина во која се споменува Алах и се најавува дека училиштето ќе биде разнесено.
Полицијата и пиротехничарите, заедно со кучиња, од утрото ги пребаруваат училиштата, додека во повеќето училишта на учениците им е дозволено да си одат дома.
„Мејлот содржи исламистичка закана – дека во училиштето има бомба. Полицајците дојдоа веднаш, па сè помина многу брзо“, изјавил за ХРТ Стјепан Мудифај, директор на Инженерско техничко училиште.
Во меѓувреме, за заканите за бомби во училиштата, стана збор и на редовната седница на Владата на Хрватска. На почетокот на седницата премиерот Андреј Пленковиќ рече:
„Врз основа на информациите што ги добивме од министерот за внатрешни работи и вицепремиерот Давор Божиновиќ и министерот за наука, образование и млади Радован Фукс, утрово имаше дојава за поставени бомби во неколку училишта. Сите реагираа, специјализирани екипи ги проверуваат сите информации и бараме трпение од учениците, наставниците и родителите. Досега имало 70 извештаи лажни извештаи“, рече Пленковиќ и додаде: „Живееме во време кога и ние сме соочени со вакви закани“.
Неколку училишта во Загреб мораа да ја откажат наставата затоа што во текот на ноќта и рано наутро добивале закани за поставени бомби. Освен во Загреб, пријави пристигнале и за училишта во Чаковец, Задар, Пожега, Риека, Бакро.