Студот може значително да влијае на капиларите и вените, особено кај луѓето кои имаат веќе постоечки проблеми со циркулацијата, па затоа е важно да се подготвите за студените денови и да избегнувате активности кои не се препорачуваат.
Студените зимски денови често значат и седење во топлите домови, гледајќи серии, читајќи книги, работа од дома, намалена физичка активност и одредени навики кои можат дополнително да ги оптоварат проширените вени и да ги зголемат непријатните симптоми.
Долгото седење, кое е почесто за време на студените денови, ја успорува циркулацијата во нозете, што доведува до таложење на крв во проширените вени. Ова може да ја зголеми тежината, отокот и болката. Наместо тоа, обидете се да станувате секој час и да шетате низ станот. Лесните вежби за истегнување или кружење по стапалата исто така поволно делуваат на протокот на крв. Ако сакате да се загреете, сауните и топлите бањи во никој случај не се добри за проширени вени, иако звучат примамливо. Топлината ги проширува крвните садови, што е дополнително оптоварување на веќе заболените вени.
Бањи да, но само со млака вода, бидејќи екстремните температури можат да предизвикаат привремено олеснување, но всушност придонесуваат за влошување на симптомите. Избегнувајте изложување на топлина подолго од неколку минути. За поттикнување на циркулацијата се препорачуваат млаки купки и масажа на стапалата со постудена вода. Не ја занемарувајте физичката активност Зимата често ја намалува мотивацијата за вежбање, а недостатокот на движење може да влијае на вашите вени.
Физичката неактивност ја намалува еластичноста на вените и ја попречува циркулацијата, па затоа наместо да се оправдувате дека надвор е ладно, најдете активности во затворен простор, на пример практикувајте лесна јога сесија или вежби за истегнување дома. Ако надвор е премногу студено или врне, шетањето по трговски центри или затворени простори може да биде добра алтернатива.
Дебелите слоеви облека често се неопходни кога температурата паѓа, но тие можат да извршат притисок врз вените. Тесните панталони, особено моделите со силен еластичен струк или околу глуждовите, може да го ограничат протокот на крв. Избегнувајте тесни панталони, а носете удобна облека која овозможува слободно движење. Изберете слоеви што топлат, но не стегаат. Не ги игнорирајте симптомите.
Зимата не е време за да го занемарите вашето здравје. Многу пациенти чекаат до пролет за да се справат со вените, што е грешка. Студените денови се идеални за почеток на терапија, како носење компресивни чорапи или консултација со васкуларен хирург, посочува тој. Студеното време носи свои предизвици, но со соодветна грижа и избегнување на горенаведените активности, симптомите на проширени вени може да се држат под контрола. Превенцијата е исто така клучна, не чекајте проблемите да станат поизразени – следете ги симптомите како болка, оток или печење и реагирајте на време.