Search

За помалку од еден век половина планета ќе има нова климатска зона

Новата студија која ја симулира иднината на Земјата до 2100 година покажува колку суштински промени во температурите и врнежите ќе се случат на локално ниво. Тие промени ќе бидат толку екстремни што ќе мора целосно да се прецртаат мапите од 1880-тите години.

„До крајот на векот се проектира дека 38% до 40% од глобалната копнена површина ќе биде во друга климатска зона од тоа што е денеска“ вели тимот истражувачи предводен од авторот Пол Дирмејер, кој е климатски научник од Универзитетот Џорџ Мејсон во Вирџинија.

Во зависност од тоа кои климатски модели ги користеле истражувачите за да ги направат проекциите за идните глобални промени, тие проценки може да бидат уште поекстремни, па речиси 50% од копното на Земјата може да се најде во непозната климатска зона. Промените се поочигледни кај последните генерации климатски модели, кои се почувствителни на промени во климата и предвидуваат поголеми стапки на глобално затоплување.

За да ги проектираат промените Дирмејер се навратил на Копен-Гајгер мапите, систем кој се користи за класификација на светот во пет климатски зони врз основа на температурата, влажноста и годишните времиња. Го направил германско-рускиот климатолог Владимир Копен во 1884 година, а досега е модернизиран повеќе пати и широко се користи за моделирање на дистрибуцијата и растот на видовите.

Промените во климатските зони кои ги проектирале Дирмејер и колегите се еден спектар на можности, затоа што симулацијата на физиката на некои климатски променливи како што е количината врнежи е потешка од некои други, на пример, како температурата.

Она што е јасно од проекциите е дека ако не дејствуваме итно и не преземеме мерки за да ја намалиме емисијата на гасови, стапката на глобалното затоплување ќе продолжи да расте како што минуваат децениите. Тоа значи дека понежните животински и растителни видови ќе имаат многу помалку време за да се адаптираат на промените во климатските зони отколку што претходно било предвидено.

Според нивните анализи, тие очекуваат тропската клима да се прошири од 23% на 25% од копното до 2100 година. Поголем дел од копното на Земјата се предвидува дека ќе стане сушно – од 31% сега на 34%. Овие видови на промени, како што покажуваат и други студии, може да ги проеметат системите за производство на храна и да ги прошират болестите кои ги пренесуваат комарците на многу пошироки територии.

Најзначајните промени се очекуваат во ладните климатски зони во Европа и в Северна Америка. Со 89% од Европа и речиси 66% од Северна Америка ќе преминат во друга климатска зона до 2100 година. Луѓето кои живеат во други региони како што е Африка се уште ќе чувствуваат климатски промени, но во границите на нивната постоечка климатска зона и во форма на екстремни горештини.

Најдрастичната промена ќе биде во поларните предели, кои покривале околу 8% од копното на Земјата од 1901 до 1930 година и веќе се намалени на 6,5%, иако досега има глобално затоплување од помалку од 1,2°C.

Студијата е објавена во списанието Earth’s Future.

Извор: svijetkulture.com

Најново

Последни колумни