Вкупно 123 непрописно паркирани возила се отстранети од улиците на Општина Центар во периодот од 13 до 20 септември, информира ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.
Возилата биле подигнати со специјалните возила „Пајак“, бидејќи го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од ЈП ПОЦ најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат секојдневно да ги отстрануваат непрописно и несовесно паркираните автомобили на територијата на општината.

Од претпријатието посочуваат дека за долгорочно решавање на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање е неопходно подигнување на сообраќајната култура.
Активностите, како што наведуваат, имаат цел да ја зголемат безбедноста на сите учесници во сообраќајот и да овозможат непречено движење по улиците во Центар.