Во Вардар најдено телото на исчезнат скопјанец

МВР информира дела вчера во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело

МВР информира дела вчера во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката.

По извршеното препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје за кого на 24.08.2026 неговиот син Г.Г.(46) пријавил дека се оддалечил од домот.

„Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција“ додаваат од МВР.

е-Трн да боцка во твојот инбокс