За посериозни прекршоци се предвидени значително повисоки казни. Оние кои ќе ги вознемируваат или загрозуваат другите патници на автобуски терминали и станици, како и оние кои ќе валкаат делови од автобусите, терминалите или станиците, може да добијат казна до 5.000 сингапурски долари.
Мерките ги објави Управата за копнен транспорт (LTA), речиси една година откако парламентот ги усвои законските измени со кои се овозможува построго регулирање на однесувањето на патниците.
Од LTA наведуваат дека казните за прекршоци во автобускиот превоз се усогласени со оние што веќе важат во железничкиот сообраќај.
Во Сингапур, значи, правилото е едноставно: нозете на под, музиката во слушалки и отпадот во корпа.