Нуклеарната подморница на британската кралсна морнарица ХМС Венџенс се врати во Шкотска по мисијата која траела 217 дена. Екипажот седум месец поминал речиси целосно отсечен од светот. Британските медиуми и експерти ваквиот подвиг не го толкуваат како демонстрирање сила, туку како показател за проблеми во британската морнарица.
Експертот за нуклеарни подморници Дејвид Кулен изјави дека мисијата првично била планирана да трае околу три месеци. Тој додаде дека и тоа се сметало дека е долг период за поминување во „метална кутија под вода, без контакт со надворешниот свет“.
Подморниците од таа класа имаат околу 140 членови на екипажот. Кога беа пуштени мисиите им трае околу три до четири месеци, а патролите над 100 дена беа реткост. Денес одредени мисии траат значително подолго.
Поради продолжените мисии, подморниците мора да имаат значително поголеми залихи на храна и потребни материјали за екипажот, па морнарите со месеци живеат покрај кутии наредени по ходниците и во секој слободен простор. Британската влада признава дека мисиите се продолжуваат поради кратења во буџетот, пишува „Euronews“.
ХМС Венџенс е подморница која плови од 1998 година и е една од четири британски нуклеарни подморници од гласта Вангард. Долга е околу 150 метри, тешка 17.526 тони и проектирана е да носи балистички проектили Трајдент.
Подморницата има 16 цевки за лансирање ракети, а проектилите Трајдент користат МИРВ технологија, што значи дека секоја ракета може да носи неколку нуклеарни глави кои може да се насочат кон различни, независни цели.
Служењето во нукеарна подморница се смета за едно од најтешките должности во морнарицата, поради долгото време поминато под вода, во целосна радиска тишина за да се избегне откривање. Иако по потреба може да излезат на површината на морето за да комуницираат, контактот со надворешниот свет генерално е многу ограничен. Морнарите може да примаат само телеграми од семејството, кои не смее да содржат повеќе од 120 зборови.
Сите пораки прво ги прегледуваат службите, кои треба да цензурираат лоши вести или било какви информации што може негативно да влијаат на работата на морнарите. Поради тоа екипажот може и со месеци да не знае што се случува со нивните семејства.
