На 28.08.2026 година Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Институт за трансфузиона медицина ја организира 24 – та по ред традиционална крводарителска акција во чест на празникот ” Голема Богородица”, под мотото –Твојата хуманост е нечија надеж
Акцијата ќе се одржи во Дом на АРМ со почеток од 09 – 17 часот и се очекува на истата да бидат донирани од 150 – 180 крвни единици, соопштуваат од Црвениот крст.
Оттаму, упатија и апел до граѓаните да земат учество во акцијата со цел да им се помогне на што повеќе луѓе кои имаат потреба од драгоцената течност.
„Упатуваме апел до сите граѓани на возраст од 18 до 65 години кои се чувствуваат здраво да земат учество во крводарителската акција, да даруваат крв со една единствена цел да се помогне на сите оние на кои оваа скапоцена течност им е потребна. На тој начин ќе дадат свој личен придонес за стабилно функционирање на здравствениот систем, ќе спасат човечки животи кои се доведени во кризна состојба предизвикана од болест, повреди, сообраќајни незгоди, ќе ја покажат својата солидарност, хуманост и општествена одговорност“ велат од Црвен крст.