Во месец мај нов раст на цените на мало во Македонија

Нјаголем раст има кај земјоделските производи, храната и транспортот, кои директно го оптоваруваат животниот стандард

Податоците од Државниот завод за статиските покажуваат дека цените на мало во мај 2026 година се повисоки за 5,6 отсто на годишно ниво.

Нјаголем раст има кај земјоделските производи, храната и транспортот, кои директно го оптоваруваат животниот стандард.

Цените на мало во Македонија продолжуваат да растат, а најголемиот товар врз домашните буџети доаѓа од поскапувањето на храната, земјоделските производи и транспортните услуги, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во мај 2026 година, цените на мало се повисоки за 5,6 отсто во споредба со истиот месец лани, што укажува на продолжен инфлаторен притисок во повеќе сектори од економијата.

Највисок годишен пораст е регистриран кај земјоделските производи, кои се поскапи за 6,7 отсто. Висок раст има и кај услугите, со зголемување од 6 отсто, додека стоките бележат пораст од 5,4 отсто.

Посебно значајно за секојдневниот живот на граѓаните е поскапувањето на храната, која е повисока за 4,2 отсто на годишно ниво. Прехранбено-индустриските производи се поскапи за 3,4 отсто, а пијалаците бележат пораст од 1,3 отсто.

И индустриските производи следат сличен тренд, со зголемување од 5,3 отсто, додека непрехранбените индустриски производи и тутунот се повисоки за 6,4 отсто.

На месечно ниво, во споредба со април, најголем раст повторно бележат земјоделските производи со 4,4 отсто, додека храната е поскапа за 1,3 отсто, услугите за 1,5 отсто, а стоките за 0,6 отсто.

Во првите пет месеци од годинава, цените на мало се повисоки за 3,4 отсто во однос на истиот период лани, при што најголем придонес имаат земјоделските и прехранбените производи.

Еден од најсилните фактори на поскапување е транспортот, каде што цените се зголемени за 11 отсто на годишно ниво. Овој раст директно влијае врз трошоците на домаќинствата, но и индиректно се прелева врз цените на другите производи преку повисоки трошоци за дистрибуција и логистика.

е-Трн да боцка во твојот инбокс