По повод Светскиот ден на гладтa 28 мај, Внимание ги праша граѓаните „Дали имаме навика да подаруваме храна?“, подарувајќи им по еден ѓеврек. Мислењата се поделени: „Повеќе ја фрламе… затоа што најверојатно што многу ја имаме“, „Мислам дека не“, „Моето искуство е дека споделуваме“, „Зависи кој, јас имам навика да споделувам храна…“, „Имаат повеќе навика да ја фрлаат, затоа што сме себичен народ“, „Имаме повеќе навика да подаруваме…“.
Внимание ги праша граѓаните и „Што би направил ако денес и утре нема ништо за јадење?“ – „Па, ќе барам чаре да најдам за јадење, на гладен стомак не се живее“, „Секогаш се наоѓа нешто по дома, макар и леб да било тоа“, „Би почекал задутре“, „Би побарала храна, не можеме без храна, нели?“, „Најверојатно би отишол во село и би садел храна…“
А еве што велат граѓаните на прашањето „Како конкретно да им помогнеме на гладните луѓе?“ : – „Тешко, нема едноставен одговор… треба да сме повеќе солидарни“, „Ќе им купиме храна и ќе им дадеме“, „Мислам дека најпрво Град Скопје треба да направи нешто за тоа… „комјунити“ центар да има за храна…“, „Кога имаме вишок да се подели некако…“, „Наравно, да не ја фрламе храната и да им ја подаруваме…“.