Внимание: Во што најмногу гледаш кога си на плажа?

Во најновото летно издание на „Внимание“, ги прашавме граѓаните: Во што најмногу гледаш кога си на плажа, во морето, песокот, планините, небото, или можеби во некоја девојка? Се разбира, добивме најразлични и провокативни одговори: „Зависи каде, но најчесто брановите…“, вели еден скопјанец.

Второто летно прашање беше: Колку пари би дал за гаранција дека нема да сретнеш некои луѓе што ги познаваш на одмор: „Сите пари“ – рече еден граѓанин.


И на третото прашање, дали се спремаш во теретана пред да идеш на одмор, добивме најразлични одговори: „Јас вежбам цело време, ама има една екипа која доаѓа само тој период“, вели еден граѓанин.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс