Внимание: Исток – Запад телепатски?

По повод меѓународниот ден на градовите, екипата на Внимание им постави неколку урбани прашања на скопјани поврзани со меѓуградските и градските врски и транспортот.

Еве што велат граѓаните на прашањето „Кога ќе се исполни ветувањето дека ќе се возиме од Скопје до Охрид за саат и пол?“ – „2050-та можда“, „Треба што побргу да се направи тоа патот, затоа што срамота, останавме на дното на Европа“, „Моја процена е дека за десетина години ќе возиме за саат и пол, ама ако имаме болиди“.

На прашањето „Што да се прави со конекциите со Тирана и Софија?“, граѓаните велат: „Со Софија и Тирана конекциите треба да бидат на едно високо ниво, оти многу важно е за Македонија да има комуникации исток-запад и север-југ“, „Македонија треба да се поврзе и со комшии и со светот“.

Што кажуваат граѓаните за прашањето „Ќе дочекаме ли во Македонија да се возиме со возови 200 километри на час?“ – „Ќе биде, ама има време…“, „Сигурно ќе доживееме за 50-тина години да добиеме таква железница“, „Не знам дали ние ќе дочекаме… Ама нашите деца ако дочекаат би било супер.“

Ако би биле министри за транспорт, уште во првите 100 дена граѓаните би се зафатиле со оживување на железничкиот сообраќај: „Незамисливо ми е да немаме железнички сообраќај, во ова време кога цел свет функционира на основа на железница“, вели еден граѓанин.

На прашањето „Зошто ги нема ветените 250 еко-автобуси во Скопје“, граѓаните велат: „Затаи градоначалничката и сегашната власт што ја подржа нејзе“, „Чекаат некој познат за да го дадат тендерот“, „Дали е бесплатен, дали е платен, превозот кај нас е секако катастрофа“, „Што направила – градот го направила свињац“, „Башибозук…“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни