Вештачка интелигенција за шест часа ја „скрши“ тајната шифра на Наполеон

Моделот на OpenAI го дешифрираше рачно напишаниот воен извештај од 1809 година со кој со децении безуспешно се мачеа истражувачите.

Модел на вештачка интелигенција успеа за приближно шест часа да ја дешифрира тајната воена шифра од ерата на Наполеон Бонапарт, која со векови остана нерешена. Документот од 1809 година, испратен до францускиот генерал Огист Мармон, содржи прецизни воени распореди на европските сили. Успехот го објави Картер Черч, инженер во компанијата за сајбер-безбедност SentinelOne, наведувајќи дека напреден модел на OpenAI сам го анализирал ракописот и ја разбил заштитата.

Документот бил пишуван лично од Наполеон, туку од штабот на неговиот посинок и вицекрал на Италија, Ежен де Боарне. Станува збор за строго доверлив извештај со воени распореди, наменет за генералот Огист Мармон, кој тогаш командувал со француските сили во Далмација.

Инженерот Картер Черч објасни дека за овој зафат го искористил моделот GPT-6 Astra на OpenAI.

„Astra ја подели сликата со димензии од 1202 на 1836 пиксели на редови, ги прочита знаците и одлучи кои 175 рачно нацртани ознаки претставуваат ист карактер напишан двапати. Дури тогаш започна самото разбивање на шифрата“, објави Черч.

За разлика од претходните обиди на историчарите кои даваа само делумни резултати, алгоритмот ја заврши целата постапка. Моделот направи транскрипција на визуелниот материјал, ја анализираше хомофонската супституциска шифра, напиша соодветен софтверски код и на крајот ги спореди добиените податоци со историските архиви.

Дешифрираниот текст ги содржи точните позиции на баварските, полските и француските воени единици. Во 1809 година Австрија се подготвуваше за нов напад врз Франција, додека главнината на наполеоновите трупи беше ангажирана на фронтот во Шпанија. Поради тоа, Мармон во Далмација се соочуваше со реален ризик од отсекување и изолација, па информациите за движењето на сојузничките корпуси имаа пресудна уредба за неговите следни маневри.

е-Трн да боцка во твојот инбокс