Внимание, гасери се флексаат во делулу complicated ситуации

Во најновата епизода на „Внимание“, ги прашуваме граѓаните што значат некои термини кои го користи „Gen Z“ генерацијата (или „џенси“, како што си ја преведе еден скопјанец).

Што значи „делулу“? – „Кога е некој „делузијален“, кога си замишља“, „Кога некој се понаша изгубен или кога пријателот ти се понаша ко ненормален…“.

Ги прашавме граѓаните и „Како изгледа „гасер“?“. Еве што ни кажаа: „На пример, особено машките, во тренерка, во Nike… што возат „Веспи“, најчесто, што брмчат…“, „Луѓе што секад се кратко ишишани, имаат секад Nike Tech најчесто, дебели јакни, и особено летно време, носат и TN-ки патики. Секад у групи мрдаат, се фалат, знаат на деца да се стаат… „гасер“ и „клошар“ исто е…

Што значи кога за некој ќе кажеш дека се „флекса“? – „На пример, кога има некој многу пари, ќе земе најскапиот саат што може да го земе, и ќе го носи секаде. Ќе го видиш братот со саатот на базен“, „Па, се пофалува за нешто, без разлика за што, дали има повеќе пари, дали има поскап мотор од пријателот, поскап стан, повеќе плата…“


Што значи, кога некој ќе каже „It’s complicated“? – „Не знам што да ти кажам…“, „Дека, не знам, комплицирано е… однос со некој чоек, така нешто“. А што значи ghosting? – „Да го снема…“, „Кога некој ќе игнорираш, ќе го видиш, ама нема да му одговориш…“, „Кога некој ќе ти пиши, и од нигде, никаде, прекинува да пишува…“.


На крај, прашавме и што значи кога некој ќе каже „Get a room“: „Па, на некоја женска да и кажеш…“, „Па, тоа можда значи, дај ми простор…“, „Што правите таму, така?“

е-Трн да боцка во твојот инбокс