Search

Внимание: Ако „облеката не го прави човекот“, дали униформата ќе го поправи ученикот?

Откако скопски градоначалници ја покренаа темата за носење униформи во училиште, екипата на „Внимание, внимание“ ги прашува граѓаните:
Дали учениците основци би требало да носат униформи? Кога последен пат сте носеле униформа? Дали униформите треба да си ги плаќаат родителите или сите граѓани од буџетот? Кој треба да одлучува за униформите – децата, родителите или градоначалникот? Дали носењето униформи ќе придонесе за поголем успех на учениците?


Повеќето интервјуирани граѓанки и граѓани се против носењето униформи во училиште. Некои пак, укажуваат дека „секој има право и слобода да носи што сака“, дека униформата ја одзема „автентичноста на личностите“, а други укажуваат дека „облеката не го прави човекот“.
Повеќето сметаат и дека носењето униформа е нешто што припаѓа на далечното минато.
Сепак, во одлуката за носење не треба да учествуваат само родителите, или училиштето, или градоначалниците, туку пред се, самите ученици. Доколку учениците си донесат таква одлука, повеќето граѓани сметаат дека униформите треба да бидат плаќани од буџетот на школите или граѓаните. Повеќето испитаници сметаат дека носењето униформи не придонесува за поголем успех на учениците.
Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Најново

Последни колумни