Вечерва на Мундијалот премиерни мечеви на Франција и Аргентина

Франција, европскиот тешкаш и еден од главните фаворити за светскиот трон го отвора натпреварувањето селекцијата на Сенегал

Светското првенство продолжува со полн ек. Во вторник навечер и рано наутро во среда се играат уште четири натпревари од првото коло на Светското првенство.

Франција, европскиот тешкаш и еден од главните фаворити за светскиот трон го отвора натпреварувањето во Група I против секогаш непријатната и физички моќна селекција на Сенегал

Французите, предводени од Килијан Мбапе, ќе сакаат да се наметнат од самиот почеток на турнирот. Преку препознатлива креативност во средниот ред и убиствен напад, тие ќе се обидат веднаш да воспостават контрола, додека Сенегал ќе ја бара својата шанса преку брза транзиција и солиден дефанзивен блок.

Исклучително интересна средба на почетокот од Група I, во која се среќаваат борбениот тим од Блискиот Исток Ирак и Норвешка, скандинавската селекција предводена од извонредниот голгетер Ерлинг Холанд.

Додека Норвежаните ќе се обидат да ја материјализираат теренската иницијатива преку својата прва ѕвезда во нападот, Ирак ќе се обиде да направи големо изненадување со дисциплинирана тимска игра и агресивност во средината на теренот.

Натпреварот од Група I се игра во Фоксборо на стадионот „Жилет“ (официјално стадионот „Бостон“ за време на Светското првенство)

Арегентина, актуелниот бранител на светската круна започнува да ја брани титулата во групата Ј, а нивната прва пречка е непредвидливата и технички вешта репрезентација на Алжир.

„Гаучосите“ предводени од Лео Меси ја имаат улогата на апсолутни фаворити и имаат намера веднаш да покажат шампионски авторитет преку играта со додавања, додека Алжирците се потпираат на солидна колективна тактика и брзи контранапади преку крилните позиции. Сепак, не треба да заборавиме дека пред четири години во Катар, светските шампиони го започнаа турнирот со пораз од Саудиска Арабија.

Натпреварот од Групата Ј се игра во Канзас Сити на стадионот Ароухед (официјално стадион Канзас Сити за време на Светското првенство).

Австријците под водство на Ралф Рангник носат модерен, агресивен, пресинг фудбал со висок интензитет, додека Јордан бара историска сензација во својот дебитантски настап, потпирајќи се на борбеност и олеснување.

Натпреварот од Групата Ј ќе се игра во Санта Клара на стадионот Левис (официјално стадион Санта Клара за време на Светското првенство).

е-Трн да боцка во твојот инбокс