Вчера надеж, денес паника: Биткоинот повторно тоне, криптопазарот губи милијарди

Само еден ден откако пазарот на криптовалути покажа знаци на закрепнување, следуваше нов пресврт. На 6 ноември биткоинот повторно падна под 76.000 долари, а големите криптовалути забележаа значителни загуби.
Фото: Jorge Franganillo, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Според денешните податоци на Crypto Daily Watch, вкупната пазарна вредност на криптовалутите се намалила за околу 6,4 отсто во последните 24 часа, на приближно 2.580 милијарди долари. Your daily Crypto Market Overview

Најновите расположливи цени при проверката покажуваат:

КриптовалутаЦена во долариПромена за 24 часа
Биткоин (BTC)76.109−5,16%
Етериум (ETH)2.238−7,31%
Солана (SOL)90,08−6,66%
XRP1,20−8,99%
BNB694,33−2,91%

Што го предизвика новиот пад?

Според денешниот извештај објавен на Yahoo Finance, распродажбата на технолошките акции на Волстрит го засилила притисокот врз криптовалутите. Падот бил проследен со ликвидации на ризични трговски позиции во вредност од над една милијарда долари, како и одлив од околу 430 милиони долари од биткоинските берзански фондови (ETF). Yahoo Finance

Ликвидациите претставуваат принудно затворање на позиции на инвеститори кои тргувале со позајмени средства, а не директна загуба на ист толкав износ од вкупната вредност на криптопазарот.

Особено внимание привлекува наглата промена на расположението. Индексот на страв и алчност, кој вчера се наоѓал на неутрални 50 поени, денеска паднал на 28 поени, во категоријата „страв“.

Ова покажува дека краткотрајното закрепнување не било доволно за враќање на довербата кај инвеститорите.

Дали следува нов бран падови?

Дополнителен ризик претставува поврзаноста на криптовалутите со движењата на американските технолошки компании. Кога инвеститорите се повлекуваат од поризичните вложувања, притисокот често се пренесува и врз дигиталните валути.


Најголемото прашање сега е дали биткоинот ќе успее да се стабилизира или последниот пад ќе поттикне нова распродажба.

е-Трн да боцка во твојот инбокс