Instagram додаде нова функција која се однесува на коментарите. Од сега можете да го уредите својот коментар откако ќе го објавите. Промената на коментарот е можна во рок од 15 минути по неговото објавување.
Поставувањето на уредувањето на коментарите функционира слично како и уредувањето на пораки. Процесот е прилично едноставен. Го допирате коментарот и ја избирате функцијата „уреди“. Потоа можете да го промените она што веќе сте го напишале и повторно да го објавите коментарот. Во рок од 15 минути можете да го измените коментарот онолку пати колку што сакате, пренесува PCPress.
Промената на коментарите е последната функција во низата измени кои Instagram ги додаде во текот на изминатиот месец. Останатите функции главно се појавија во рамки на опцијата „Приказни“.