„Ова е историски ден“, унгарската државна телевизија го запре вестите и призна дека лажела

Новиот премиер Петер Маѓар ја запре пропагандата на јавниот сервис M1, а на екраните се појави извинување до граѓаните за повеќегодишните лаги.
epa12886204 Chairman of the opposition Tisza Party Peter Magyar (C) addresses supporters after his party won landslide victory in the general elections in Budapest, Hungary, 12 April 2026. Behind him Vice Chairpersons Maark Radnai (L) and Agnes Forsthoffer applaud. EPA/Robert Hegedus HUNGARY OUT

Унгарската државна телевизија ја прекина својата информативна програма како дел од радикалната реорганизација на јавните медиуми со цел да се обезбеди нивна независност. Главниот канал M1 го сопре емитувањето вести во вторникот, објавувајќи црн екран со јавно извинување до граѓаните за долгогодишното ширење невистини. Новиот премиер Петер Маѓар го прогласи овој потег за историски ден и најави итно запирање на државната пропаганда во земјата.

Јавно извинување на црн екран

Прекинот на информативната програма се случи во вторникот попладне, кога главниот државен канал M1 ја замени редовната шема со писмено соопштение на црна позадина. Во пораката, менаџментот директно призна дека медиумот со години не ја говорел вистината.

„Јавните медиуми не смеат да лажат. Ипак, се извинуваме што го правевме тоа долги низа години“, стоеше во објавата на унгарскиот сервис.

Пред исклучувањето на вестите, неколку уредници во државната телевизија и радио биле отпуштени од должност веднаш по пристигнувањето на новото привремено раководство во седиштето на медиумот. Најавено е дека каналот M1 ќе продолжи со емитување, но исклучиво со филмска и забавна програма.

Демонтирање на пропагандната мрежа на Орбан

Оваа одлука доаѓа како директно исполнување на предизборните ветувања на новиот премиер Петер Маѓар, чија партија Тисза (Tisza) победи на изборите во април. Со ова беше прекината 16-годишната доминација на националистичката партија Фидес (Fidesz) на поранешниот премиер Виктор Орбан.

Маѓар потврди дека покрај телевизијата, прекинато е и информативното емитување на државното радио Кошут (Kossuth). Тој нагласи дека ова е почеток на темелна реконструкција на клучните упоришта на моќ на претходниот систем.

Од друга страна, поранешниот премиер Виктор Орбан реагираше со обвинувања, нарекувајќи го потегот деспотизам на новата власт. Тој ги повика граѓаните на Унгарија да се префрлат на десноориентираниот приватен канал ХирТВ (HírTV).

е-Трн да боцка во твојот инбокс