Додека во Белград трае „Бенкси изложба“, организирана од една словенечка компанија, недалеку од неа се подготвува „контра“ Бенкси изложба.
„Бенкси цел живот се борел против тоа неговата уметност да стане луксузен производ, а сега токму тоа е. Таа е дел од бизнис во кој профитираат сите освен самата уметност. „Фејк Бенкси → Вистинската Порака“ не е уште една комерцијална Бенкси изложба. Нема влезници, нема препродажба на бунт, нема мерчендајз со неговиот лик. Ова е „контра“ Бенкси изложба. Уметност која не може да се купи, туку може да се доживее онака како што била првично замислена: бесплатна, сурова и во служба на луѓето“, најавуваат организаторите на оваа изложба.
Тие истакнуваат дека уметноста не може да постои во вакуум и дека додека студентите во Србија излегуваат на улиците, нивниот отпор станува дел од истата приказна.
„Кога уметноста ќе се премести од улицата во галерија, ја губи ли својата моќ? Кога отпорот ќе стане производ, престанува ли да биде отпор?“, се прашањата кои ја поставува оваа изложба.
Фејк Бенкси → Вистинската Порака
Од 22. до 25. февруари, во Остевинската Галерија (Краљевића Марка 8, Белград), ќе се отвори изложба која ја враќа уметноста таму каде што припаѓа – меѓу луѓето, а не на пазарот. Влезот е бесплатен.
За време на четирите дена, посетителите ќе имаат можност да учествуваат во:
- Интерактивни инсталации кои истражуваат што се случува кога уметноста ја губи својата контекст и станува луксузна стока.
- Живи уметнички перформанси кои ја враќаат уметноста на улица – каде што не може да биде купена ниту контролиранa од било кого.
- Дискусии и дружење со уметници, активисти и истражувачи кои го отвораат прашањето: како да се бориме против комерцијалното присвојување на уметноста?
„Фејк Бенкси → Вистинската Порака“ не е само уметнички настан. Ова е социјален коментар во моментот кога ширум светот се отвораат неовластени „Бенкси изложби“, кога се наплаќаат влезници и се комерцијализира делото на уметник кој се цел живот борел против тоа“, велат организаторите.
Уметноста на Бенкси никогаш не била стока. Била побуна. Неговите дела се појавија на ѕидовите на војната разрушени улици, на оградите на бегалските кампови, на фасадите кои беа срушени од неправда, а не од багери. Неговиот цел не бил профит – туку порака.
„Капитализмот најде начин да го проголта и препродаде. Неговите оригинални дела висат во домовите на богатите колекционери, додека истите тие луѓе ја игнорираат порака што стои зад нив. Фејк „Бенкси“ изложби наплаќаат влезници, продаваат скап мерчендајз, организираат ВИП вечери – користејќи го името на уметник кој го отфрлил елизитизмот. Неговата уметност станала дел од системот против кој се создала. Бенкси никогаш не дал дозвола неговите дела да се продаваат или користат за профит. Но сега тие се брендирани, цензурирани, филтрирани низ систем кој ги прави безбедни за пазарот. Затоа „Фејк Бенкси → Вистинската Порака“ не е Бенкси изложба. Ова не е настан кој се обидува да го „поседува“ Бенкси. Ова е настан кој ја враќа неговата порака таму каде што припаѓа“, велат организаторите.