Територијата на Македонија во петок, 19 јуни, како и во текот на викендот (20 и 21 јуни), ќе биде под влијание на умерен топлотен бран кој доаѓа од Африка. Овој временски систем ќе услови стабилно, сончево и топло време со умерена облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен и североисточен правец.
Во попладневните часови, особено во планинските предели, се очекува развој на локална нестабилност, која може да донесе краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло, со повремена локална облачност во текот на денот. Во попладневните часови има услови за краткотраен дожд проследен со ретки грмежи во делови од котлината.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 17 степени, додека во Скопје ќе се спуштаат околу 14 степени. Максималните дневни температури ќе достигнуваат од 27 до 34 степени, а во Скопје и околината до 34 степени.