Угостителските услуги поскапеле за 2,6 проценти на годишно ниво

Податоците укажуваат дека угостителскиот сектор продолжува со умерен раст на цените, иако динамиката на поскапувањето е значително помала во споредба со периодите на висока инфлација во претходните години.

Цените на угостителските услуги во Македонија во јуни годинава се повисоки за 2,6 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во однос на мај 2026 година, цените бележат месечен раст од 0,2 проценти.

Според статистичките податоци, во периодот јануари – јуни 2026 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 2,8 проценти во споредба со истиот период минатата година. Во однос на декември 2025 година, цените во првите шест месеци од годинава се повисоки за 0,8 проценти.

Податоците укажуваат дека угостителскиот сектор продолжува со умерен раст на цените, иако динамиката на поскапувањето е значително помала во споредба со периодите на висока инфлација во претходните години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс