Ученик повреден со остар предмет во основно училиште во Арачиново

Малолетник бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“ откако бил повреден со остар предмет во основно училиште во Арачиново.

Малолетник бил пренесен во болницата „Св. Наум Охридски“ откако, според пријавата, бил повреден од соученик во основно училиште во село Арачиново.

Ученик е повреден со остар предмет во основно училиште во скопското село Арачиново, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, малолетникот бил донесен во Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, а според пријавеното, повредата ја добил од негов соученик.

Од МВР не ја откриваат возраста на повреденото дете. Засега нема информации за точните околности под кои се случил инцидентот, ниту за сериозноста на повредите.

„На 23.04.2026 во 10:30 часот во СВР Скопје од Јавна здравствена установа „Св. Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив бил донесен малолетник со повреда од остар предмет, а според пријавеното бил повреден во основно училиште во с. Арачиново од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во полицискиот билтен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни