Црна комедија од скопското подземје: „Убиј ги прво децата“ во Кинотека.

Филмот на Димитар Оровчанец ја следи приказната за тројца млади луѓе кои поради мобилен телефон со компромитирачко видео се вплеткуваат во опасна криминална авантура.

Во Кинотеката на Македонија ќе биде прикажан македонскиот игран филм „Убиј ги прво децата“, динамична црна комедија и криминалистичка авантура во режија на Димитар Оровчанец.

Филмот ја носи публиката во скопското подземје, каде навидум обичен мобилен телефон станува причина за опасна и непредвидлива приказна.

Во центарот се тинејџерка балерина, нејзиниот вљубен дечко и неговиот најдобар пријател, кои неочекувано се вплеткуваат во криминален хаос поради компромитирачко видео.

Главните улоги ги толкуваат Миа Жиро, Мартин Ѓоргоски и Стефан Спасов, кои внесуваат свежа енергија во приказната за младешките соништа, стравот, љубовта и суровата реалност.

Сценариото го потпишуваат Димитар Оровчанец и Александар Русјаков, создавајќи филм исполнет со црн хумор, неизвесност и неочекувани пресврти.

„Убиј ги прво децата“ ја имаше својата светска премиера во програмата „Open Air“ на 30. Сараевски филмски фестивал, еден од најзначајните филмски фестивали во регионот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс