Уапсени членови на банда која ограбувала домови на познати спортисти

Аргентинската полиција уапси двајца државјани на Чиле, осомничени дека биле дел од криминална група која организирала кражби во домовите на познати спортски ѕвезди од НБА и НФЛ лигата. Апсењето било извршено на автобуска станица во Буенос Аирес, а осомничените моментално се наоѓаат во притвор додека трае постапката за екстрадиција кон САД.

Според информациите од полицијата, групата внимателно ги следела навиките и патувањата на спортистите преку јавни информации и социјални мрежи. Меѓу метите биле домовите на НФЛ ѕвездите Patrick Mahomes и Travis Kelce, како и поранешниот тенисер Juan Martín del Potro.

Криминалната група, наводно, провалувала и во домовите на НБА кошаркарите Luka Dončić и Mike Conley Jr.. Според американските истражители, разбојниците користеле напредна технологија за да ги заобиколат алармните системи, да блокираат интернет врски и да ги онеспособат безбедносните камери.

Од куќите биле украдени милиони долари, скап накит, спортски трофеи и медали, најчесто додека сопствениците биле надвор од градот. Американските власти претходно предупредија дека организирани криминални групи од Јужна Америка сè почесто таргетираат познати и богати личности.

Во февруари годинава, уште седум чилеански државјани беа обвинети пред федерален суд во Флорида за транспорт на украдена имотна корист преку државни граници, дело за кое е предвидена казна до десет години затвор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс