169 познати личности во Турција позитивни на дрога по голема истрага

Истрага во Турција откри дека 169 познати личности биле позитивни на дрога, додека стотици лица се уапсени.

Голема истрага за употреба на дрога во Турција откри дека десетици познати личности биле позитивни на забранети супстанци.

Во рамки на опсежна истрага за употреба на дрога во турската забавна индустрија, 169 познати личности биле позитивни на наркотични супстанци, соопшти главниот обвинител на Истанбул.

Истрагата започнала во октомври минатата година и опфатила повеќе десетици јавни личности, меѓу кои се споменуваат пејачката Алејна Тилки, актерите Џан Јаман, Ханде Ерчел, Бурак Дениз, Хафсанур Санџактутан, како и продуцентот Тимур Савџи.

Според податоците на обвинителството, досега се покренати постапки против 255 лица, додека 219 биле тестирани. Кај 169 од нив е утврдено присуство на забранети супстанци.

Паралелно со истрагата, во пошироката акција биле уапсени околу 400 лица осомничени за трговија со дрога, од кои 32 остануваат во притвор.

Обвинителството најави дека истрагата продолжува и дека нови познати личности и бизнисмени ќе бидат повикувани доколку се појават дополнителни докази.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни