Тројца млади уметници во трка за наградата „Денес“: Познати финалистите за 2026

Објавени се финалистите за наградата „Денес“ за млади визуелни уметници во Македонија. Во финалето влегуваат Јован Јосифовски, Сергеј Калеников и Ана Трајковска, а победникот ќе биде прогласен во октомври.

Објавени се финалистите за наградата „Денес“ за млади визуелни уметници во Македонија. Во финалето влегуваат Јован Јосифовски, Сергеј Калеников и Ана Трајковска, а победникот ќе биде прогласен во октомври. Јован Јосифовски, Сергеј Калеников и Ана Трајковска се годинашните финалисти за наградата „Денес“, која се доделува на млади визуелни уметници во Македонија до 35 години.

Наградата претставува едно од најзначајните признанија за современа уметничка практика во земјата и се доделува на автори чија работа се одликува со критичко и естетско размислување и активно уметничко дејствување.

Годинашниот отворен повик траел од 16 април до 31 мај, а биле пријавени вкупно 15 кандидати. Финалистите ги избра стручно жири составено од меѓународни и регионални експерти од областа на современата уметност. Во жирито учествувале Хиба Абид, кураторка во Њујоршката јавна библиотека, Јелена Мијиќ, мултимедијална уметничка од Белград, како и македонскиот визуелен уметник Илија Прокопиев, поранешен добитник на наградата и уметнички директор на галеријата Шкуц во Љубљана. Финалистите ќе бидат претставени на групна изложба што ќе се отвори во октомври во Сули-ан во Скопје, каде што ќе биде прогласен и годинашниот победник.

Наградата „Денес“ не се ограничува само на признание, туку вклучува и меѓународна резиденциска програма во Њујорк, како и можности за професионални средби и продукција на нови уметнички дела. Доделувањето на наградата го организира Факултетот за работи што не се учат – ФРУ од Скопје, во соработка со мрежата YVAA, Residency Unlimited (Њујорк) и фондацијата Trust for Mutual Understanding.

е-Трн да боцка во твојот инбокс