Колоните се споија на Евзони, се чека и до два часа

Огромни гужви на граничните премини кон Грција. На Евзони за влез се чека околу два часа, а на Дојран околу час и половина. Еве каква е состојбата денес.

Викендот донесе голем метеж на граничните премини кон Грција, а најдолги колони утрово се регистрирани на преминот Евзони, каде што возилата се протегаат сè до македонската страна на границата. Според информации што ги споделуваат патници, за влез во Грција преку Евзони моментално се чека околу два часа.

Зголемен интензитет на сообраќај има и на граничниот премин Дојран, каде задржувањето е околу час и половина. Добра вест за оние кои патувањето го планираат во текот на ноќта е што грчките власти во тие часови не ги спроведуваат во полн обем проверките преку системот EES (Entry/Exit System), па протокот на возила е значително побрз.

За разлика од состојбата на границите, сообраќајот на обиколницата кај Солун утрово се одвива без поголеми застои, и покрај тековните градежни работи. Доколку денес патувате кон грчкото крајбрежје, препораката е да се вооружите со трпение, да понесете доволно вода и да сметате на подолго време за преминување на границата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс