Трамвајска жица паднала врз жена во Загреб, трамвајскиот сообраќај во застој

Трамвајскиот сообраќај во Загреб денеска е во застој поради оштетување на трамвајски вод на Савска улица, во близина на крстосницата со Котурашка улица и Техничкиот музеј.

Инцидентот се случил на Савска улица, во близина на Техничкиот музеј, откако возило закачило трамвајски жици.

Трамвајскиот сообраќај во Загреб денеска е во застој поради оштетување на трамвајски вод на Савска улица, во близина на крстосницата со Котурашка улица и Техничкиот музеј.

Според информациите од загрепската полиција, околу 10:35 часот дошло до сообраќајна незгода во која возило закачило трамвајски жици, по што тие паднале врз една жена.

Од полицијата информирале дека жената е повредена, но засега не е позната тежината на повредите.

„Повредена е, засега не ја знаеме тежината на повредите. Дојде до застој во трамвајскиот сообраќај“, соопштиле од загрепската полиција.

Поради инцидентот, дел од трамвајскиот превоз во тој дел од градот е во прекин, а се очекува службите да работат на отстранување на дефектот и нормализирање на сообраќајот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс