Македонската филхармонија во четврток, со почеток во 20 часот, ќе одржи роденденски концерт со наслов „Заратустра“ и со тоа ќе одбележи 82 години од формирањето на институцијата. На концертот како солистка ќе настапи британската трубачка Матилда Лојд, а како диригент ќе биде маестро Конрад ван Алфен. Во програмата предвидени се Концерт за труба и оркестар во Ас-дур од Александар Арутјуњан, како и тонската поема „Така зборуваше Заратустра“, оп. 30.
Во 2026 година, Матилда Лојд стана првата трубачка во 2026 која ја доби наградата за млад уметник на Кралското филхармониско друштво (Royal Philharmonic Society Young Artist Award). Покрај настапите ширум светот, таа одржува мајсторски курсеви на водечки музички конзерваториуми и универзитети, менторира млади британски дувачки музичари преку нејзината програма Future Talent и е амбасадорка на хуманитарната организација Brass for Africa, која ја поддржува употребата на музиката како средство за општествена промена во Кампала, Уганда. Дополнително, Матилда е и ментор и професор по труба на Trinity Laban Conservatoire во Лондон и раководителка на одделот за труба во програмата OAcademy Global Artist Diploma, наменета за млади професионални музичари во развој. Има дипломирано на Trinity College, Кембриџ, и на Кралската академија за музика, а потоа се усовршувала кај Хокан Харденбергер на Академијата за музика во Малме. Денес Матилда живее и работи во Берлин и е Yamaha Artist.
Конрад ван Алфен е етаблираниот холандски/јужноафрикански диригент кој својата популарност ја стекнува благодарение на посебниот начин на кој тој ги води пробите и изведбите. Маестро Ван Алфен е уметнички директор и шеф-диригент на Симфонискиот оркестар во Ротердам. Во изминатите 16 години го издигнал својот оркестар на ниво да биде интернационално признат оркестар и да стане домаќин на концертни серии во Ротердам, Хаг и Амстердам. Скорешните интернационални турнеи на оркестарот ги вклучуваат Русија, Мексико, Бразил, Колумбија и Чиле. Од 2005 до 2009 година бил на позицијата шеф-диригент на Државниот симфониски оркестар „Сафонов“ во Русија, каде што се здобил со наградата за својот придонес во културата во Јужна Русија. Во моментот е уметнички директор на „Московското филхармониско здружение“, во чии рамки редовно диригира со оркестрите од Москва во познатата сала „Чајковски“.
