Nvidia го враќа Џенсен Хуанг на чело на компанијата

Одборот едногласно го врати на функциите претседател и извршен директор, само 11 дена откако поднесе оставка. Акциите на компанијата скокнаа во претпазарното тргување.

Одборот на директорите на Nvidia едногласно одлучи Џенсен Хуанг веднаш да се врати на функциите претседател и извршен директор, како и повторно да биде член на одборот. Одлуката е објавена во понеделник, по серија разговори и состаноци со Хуанг, пренесе Axios.

„Одборот верува дека Џенсен е вистинскиот човек да ја води Nvidia и дека неговото враќање е во најдобар интерес на акционерите, вработените, партнерите и клиентите“, соопштил претседателот на одборот Харви Џонс, според Асошиејтед прес.

Хуанг поднесе оставка на 12 ноември, откако компанијата соопшти дека неговото лично однесување не било во согласност со нејзините кодекс, стандарди и корпоративна култура. Тогаш финансиската директорка Колет Крес беше назначена за привремена извршна директорка. Со враќањето на Хуанг, таа повторно ќе ја преземе функцијата финансиска директорка.

Одлуката е нагол пресврт: неколку дена претходно одборот соопшти дека не планира повторно да го назначи Хуанг, иако тој изјави дека би се вратил ако тоа е најдобро за компанијата. Во меѓувреме, за негово враќање се залагаа вработени, инвеститори и деловни партнери, а поддршка даде и американскиот претседател Доналд Трамп.


Според Axios, акциите на Nvidia по објавата пораснале за речиси 29 отсто во претпазарното тргување. Одборот соопштил дека по разговорите со Хуанг е уверен во неговата отвореност и способност да ја води компанијата, како и дека неговото враќање не претставува ризик за националната безбедност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс