Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше Влика Британија, заканувајќи се со полоши услови во трговски договор поради, како што тврди, недоволната британска поддршка за војната со Иран.
Британскиот премиер Кир Стармер остро ги отфрли овие притисоци, порачувајќи: „Нема да се предомислам. Нема да попуштам“, пренесува Sky News.
Остра реакција од опозицијата
Изјавата на Трамп, дадена во разговор со новинарот Mark Stone, предизвика реакции и во британската опозиција.
Лидерот на Либералдемократската партија, го повика премиерот на поодлучна реакција, особено во контекст на најавената државна посета на британскиот монарх на САД.
„Претседателот Трамп се закани дека ќе го раскине трговскиот договор со Обединетото Кралство како казна затоа што не се приклучивме на неговата, како што ја нарече, војна со Иран. Ова мора да биде последната капка“, изјави Дејви.
Тој додаде дека е неприфатливо британскиот крал да се сретне со лидер кој, според него, „ја третира нашата земја како мафијашки шеф“.
Стармер: „Ова не е наша војна“
Премиерот Стармер јасно стави до знаење дека Велика Британија нема да се вклучи во конфликтот.
„Ова не е наша војна. Бев под голем притисок да постапам поинаку, вклучително и она што се случи синоќа. Нема да се предомислам“, изјави тој.
„Нема да попуштам. Не е во наш национален интерес да се приклучиме на оваа војна и тоа нема да го направиме.“
Државната посета на британскиот крал во United States е планирана за подоцна овој месец, но последните тензии меѓу Вашингтон и Лондон отвораат прашања за нејзиниот тек и политичката тежина. Новата размена на остри пораки дополнително ги нагласува разликите меѓу двете традиционални сојузнички земји во однос на конфликтот на Блискиот Исток.