Телата на најмалку 15 мигранти, меѓу кои и едно дете, се пронајдени на повеќе локации долж источниот медитерански брег на Либија, соопштија безбедносни, поморски и медицински извори. Според првичните информации, се верува дека бродот со кој патувале околу 60 лица се превртел на пат кон Европа, при што само дел од патниците преживеале.
Телата биле извлечени во близина на градот Тобрук, а локалните служби предупредуваат дека поради состојбата на телата можно е да се пронајдат и дополнителни жртви во наредните денови. Либија, по падот на Моамер Гадафи во 2011 година, стана една од клучните транзитни рути за мигранти кои преку Сахара и Средоземното Море се обидуваат да стигнат до Европа.
Во одделен инцидент, медицинските служби во градот Хумас пружиле помош на 13 мигранти кои исто така преживеале превртување на брод во близина на либиската обала.