Топлотниот бран ги принуди Романија и Унгарија да штедат струја

Топлотниот бран ја зголеми потрошувачката на струја во Романија и Унгарија, кои воведоа мерки за заштеда и ограничување на непотребната потрошувачка.

Високите температури ја зголемија потрошувачката на електрична енергија и дополнително ги оптоварија електроенергетските системи во двете земји.

Романија и Унгарија воведоа мерки за заштеда на електрична енергија поради топлотниот бран, кој предизвика значително зголемување на потрошувачката и создаде дополнителен притисок врз електроенергетските системи.

Во Букурешт уличното осветлување е намалено за една третина, додека навечер е исклучено осветлувањето на знаменитостите и музеите. Слични мерки се воведуваат и во други романски градови.

Романскиот премиер Илие Болојан најави и можност за постепено ограничување на испораката на струја за индустриските потрошувачи, со најава 24 часа однапред. Домаќинствата, болниците и другите клучни институции би биле изземени од евентуалните ограничувања.

Во Унгарија, пак, е исклучено декоративното и другото непотребно осветлување на државните институции, меѓу кои и зградата на парламентот, делови од Будимскиот дворец и Ланчаниот мост.

Ситуацијата дополнително ја отежнува рекордно нискиот водостој на Дунав, поради кој унгарската нуклеарна централа во голема мера го намали производството. Централата користи речна вода за ладење, што дополнително го оптоварува електроенергетскиот систем.

е-Трн да боцка во твојот инбокс