Тешка железничка несреќа во Англија: 89 повредени и еден загинат по судир на возови во Бедфорд

Во судир на два воза од линијата Ист Мидлендс во Бедфорд, Англија, загина машиновозач, а 89 лица се повредени, од кои дел сериозно, соопштија властите.

Еден машиновозач загина, а 89 лица се повредени по судир на два воза од линијата Ист Мидлендс во Бедфорд, Англија, соопштија надлежните служби. Според информациите, 11 патници се здобиле со многу тешки повреди, 22 се сериозно повредени, додека 56 лица поминале со полесни повреди.

Несреќата се случила во петокот попладне, во момент кога двата воза се движеле кон Лондон. Британската транспортна полиција British Transport Police прогласи сериозен инцидент и отвори истрага за утврдување на причините за судирот. Поради несреќата, железничкиот сообраќај на линијата кон Лондон Сент Панкрас беше привремено прекинат, а во спасувачката операција беше вклучена и воздушна медицинска служба со хеликоптер за итна интервенција.

Властите најавуваат дека истрагата за околностите на несреќата е во тек.

е-Трн да боцка во твојот инбокс