Светското првенство почнува на легендарната „Ацтека“: Мексико и Јужна Африка го отвораат мундијалот

Со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка на легендарната „Ацтека“ стартува Светското првенство 2026. Во групата А се уште Јужна Кореја и Чешка.

Со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка вечерва официјално започнува Светското првенство во фудбал 2026, најголемото во историјата на мундијалите со 48 репрезентации и вкупно 104 натпревари. Отворањето ќе се одржи на легенарниот стадион Estadio Azteca во Мексико сити, еден од најпознатите фудбалски храмови во светот, каде во минатото настапуваа и Диего Марадона и Пеле

Домаќинот Мексико ќе се соочи со Јужна Африка во првиот натпревар од групата А, која ја комплетираат селекциите на Јужна Кореја и Чешка. Почетокот на дуелот е закажан за 21 часот по македонско време. Во вториот натпревар од групата, кој ќе се игра рано утре наутро, Јужна Кореја ќе се сретне со Чешка во Гвадалахара.

Распоред на натпреварите во групата А

📅 11 јуни, 21:00 часот
Мексико – Јужна Африка (Мексико Сити)

📅 12 јуни, 04:00 часот
Јужна Кореја – Чешка (Гвадалахара)

📅 18 јуни, 18:00 часот
Чешка – Јужна Африка (Атланта)

📅 19 јуни, 03:00 часот
Мексико – Јужна Кореја (Гвадалахара)

📅 25 јуни, 03:00 часот
Јужна Африка – Јужна Кореја (Монтереј)

📅 25 јуни, 03:00 часот
Чешка – Мексико (Мексико Сити)

Групата А важи за една од поизедначените на турнирот. Мексиканците ќе се обидат да ја искористат поддршката од домашната публика и со победа да го започнат походот кон осминафиналето, додека Јужна Африка ќе бара изненадување уште на отворањето на шампионатот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс