Светската економија засега отпорна на шокот од војната на Блискиот Исток, предупредуваат ММФ, Светска банка и СТО

„Неизвесноста и понатаму е висока, а последиците од војната би можеле да траат подолго. Енергетските пазари и транспортот на стоки остануваат под силен притисок“, се наведува во соопштението.

Светската економија засега покажува отпорност на шокот предизвикан од војната на Блискиот Исток, но неизвесноста останува висока, а последиците би можеле да бидат долгорочни, предупредуваат лидерите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка, Светската трговска организација (СТО) и Меѓународната агенција за енергија.

Во заедничко соопштение тие повикаа на натамошен напредок во решавањето на конфликтот и деблокирање на Ормускиот Теснец, оценувајќи дека војната создава сè поголема загриженост за глобалниот економски раст и стабилноста на цените.

„Неизвесноста и понатаму е висока, а последиците од војната би можеле да траат подолго. Енергетските пазари и транспортот на стоки остануваат под силен притисок“, се наведува во соопштението.

Претставниците на четирите меѓународни организации најавија дека ќе продолжат заеднички да ги следат движењата на енергетските пазари, трговијата и глобалната економија, како и да бидат подготвени за дополнителни мерки доколку тоа биде потребно. Според нив, поддршката за земјите може да вклучува мерки за зајакнување на енергетската, прехранбената, трговската и економската отпорност.

Меѓународниот монетарен фонд прогнозира дека глобалниот економски раст ќе забави од 3,5 проценти во 2025 година на 3 проценти во 2026 година поради негативните ефекти од војната, додека во 2027 година се очекува повторно да забрза и да достигне 3,4 проценти.

е-Трн да боцка во твојот инбокс