Шведска издвојува 108 милиони долари за нов пакет помош за Украина

Новиот пакет ќе биде дел од механизмот PURL, преку кој сојузниците финансираат испорака на американско оружје за Украина.

Шведска, Норвешка и Канада наскоро ќе објават нов пакет помош за Украина, во рамки на Листата на приоритетни барања на Украина, позната како PURL.

Пакетот е наменет за снабдување на Украина со американско оружје, изјави денеска шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон во Брисел.

Според соопштението на Министерството за одбрана на Шведска, придонесот на земјата во пакетот ќе изнесува 108 милиони долари.

Засега не е познато колкав ќе биде придонесот на Норвешка и Канада.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно објави на Telegram дека во Брисел разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, за нови придонеси во рамки на PURL листата.

Овој механизам овозможува сојузниците да финансираат испорака на американско оружје за Украина, според приоритетните потреби на Киев.

е-Трн да боцка во твојот инбокс