Сува трева и импровизирана штала предизвикале два пожари во Струмичко

Струмичките пожарникари интервенираа на два пожара во Дабиле и Пиперево, каде гореле сува трева и импровизирана штала.
Фото: Пожарникари Струмица

Струмичките пожарникари во изминатите неколку дена интервенираа на два пожара во Струмичко, при што огнот бил брзо ставен под контрола и спречено било негово понатамошно ширење.

Првата интервенција била во атарот на селото Дабиле, каде Територијалната противпожарна единица Струмица била повикана за гаснење пожар на сува трева. На терен излегле едно противпожарно возило и двајца пожарникари-спасители.

Пожарот бил локализиран и целосно изгаснат за кратко време по пристигнувањето на екипата, со што била спречена поголема опасност за околината.

Втората интервенција била синоќа во 22 часот во селото Пиперево, каде горела импровизирана штала. ТППЕ Струмица интервенирала со едно противпожарно возило и тројца пожарникари-спасители.

И овој пожар бил целосно изгаснат за кратко време по пристигнувањето на пожарникарите на местото на настанот.

Од надлежните служби апелираат граѓаните во случај на пожар или друга природна непогода веднаш да ги контактираат броевите 112 или 193.

е-Трн да боцка во твојот инбокс