Сулно невреме ќе ја погоди земјава: дожд, грмежи и град

Силно невреме ја зафаќа Северна Македонија со поројни дождови, грмежи, силен ветер и можност за град. Локално се очекуваат интензивни временски услови, особено во Скопје и околината.

Денес, територијата на Македонија ќе биде под влијание на циклонска активност позиционирана југоисточно од регионот, која носи влажна и нестабилна воздушна маса. Во текот на денот се очекува променливо облачно и нестабилно време со локални поројни врнежи од дожд, појава на грмежи и засилен северен до североисточен ветер. Локално, процесите ќе преминат во невреме, со интензивни врнежи, електрични празнења и услови за појава на град. Ветерот ќе достигнува брзина од околу 50 до 60 км/час.

Посебно внимание се апелира за граѓаните поради можноста од нагло влошување на временските услови во одредени региони. Во главниот град, Скопје и околината, времето ќе биде слично, променливо облачно со повремени поројни дождови и грмежи. Во делови од котлината се можни и поинтензивни временски појави со карактеристики на невреме, проследени со силен ветер и можен град. Максималните дневни температури ќе се движат од 21 до 28 степени низ земјата, додека во Скопје ќе достигнат околу 25 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс