Во Тирана денеска дојде до судири меѓу поддржувачи на албанската Демократска партија и полицијата, за време на собир пред Министерството за образование. Демонстрантите фрлаа камења кон зградата на министерството, а дел од нив запалија контејнери. Пред објектот беше најавен и протест на студентите.
Полицијата интервенираше со воден топ за да ги растера насобраните демонстранти.
Претходно, поддржувачи на Демократската партија запалија столици пред зградата на Владата на Албанија. Столиците ги поставил албанскиот премиер Еди Рама како покана за дијалог со студентите.
Извор: Танјуг
