Британски „Телеграф“ укинува до 100 работни места: Спортската и културната редакција најмногу погодени од трансформацијата со ВИ

Британскиот весник планира да се трансформира во глобална медиумска и информативна компанија заснована на вештачка интелигенција, доверливо новинарство и директни односи со публиката.

Британскиот весник „Телеграф“ планира да укине до 100 работни места, при што најмногу ќе бидат погодени редакциите за спорт и култура. Намалувањето на бројот на вработени е дел од стратегијата за трансформација на медиумот во глобална медиумска и информативна компанија што ќе се потпира на вештачката интелигенција (ВИ).

Вработените вчера наутро биле информирани дека се донесени „тешки одлуки“ за иднината на работењето, а започнал и формалниот процес на консултации, објави британскиот весник „Индипендент“.

Извршната директорка на „Телеграф медија груп“, Каролин Хулшоф Пол, изјавила дека целта е весникот да се трансформира од еден од водечките британски весници во глобална премиум медиумска и информативна компанија.

Новата стратегија треба да се потпира на вештачка интелигенција, доверливо новинарство и непосредни односи со публиката.


Планот отвора прашања за иднината на новинарските работни места во време кога медиумските компании сè повеќе ја вклучуваат вештачката интелигенција во своето работење. Во случајот со „Телеграф“, најавените кратења особено ги засегаат спортското и културното новинарство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс