Студентите сместени во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид веќе седум дена се соочуваат со проблем со топлата вода, објави Студентарија.мк.
Причината, наводо била недостиг на нафта за загревање на водата, а како привремено решение на студентите им е понудено користење на гостинска соба со бојлер на струја.
„Но, во дом во кој престојуваат десетици студенти, ваквото решение тешко може да одговори на потребите на сите.
Дополнително, според сведоштва и видеа доставени до Студентарија, просторијата што е посочена за користење е во несоодветна состојба. Студентите посочуваат дека просторот изгледа нечисто, а вратата не може целосно да се затвори.
Ова не е првпат студентите во овој дом да се соочуваат со сериозни проблеми во условите за живеење. Во февруари годинава, повеќе од 30 часа беа без електрична енергија, а со тоа и без греење, соодветни услови за подготовка на храна и услови за учење“ пишуваат од Студентарија.мк