По периодот на летни температури, најновите прогностички модели најавуваат значителна промена на времето во Македонија и на Балканот. Според метеоролошките анализи, од околу 13 јуни се очекува изразена негативна температурна аномалија, што би можело да донесе температури значително пониски од вообичаените за овој период од годината.
Освен заладувањето, прогнозите укажуваат и на зголемена нестабилност на атмосферата, со почести и пообилни врнежи од дожд, локални невремиња и временски услови кои повеќе наликуваат на есен отколку на почеток на летото.
Доколку се остварат сегашните прогнози, граѓаните би можеле повторно да посегнат по потопла облека, а во повисоките и планинските предели утрата да бидат невообичаено свежи за средината на јуни.
Метеоролозите напоменуваат дека станува збор за подолгорочни прогнози кои може да претрпат корекции во наредните денови, но засега моделите се согласни дека по топлиот почеток на месецот следува значително освежување на времето во регионот.